Поврзете се со нас

АТП

Синер и Алкарас ги добија ривалите за четвртфиналето на Вимблдон

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Јаник Синер и Карлос Алкарас дојдоа до посакуваните резултати на денешните мечеви на Вимблдон, па потоа мирно можеа да ги испратат дуелите кои им ги носат ривалите во четвртфиналната фаза на третиот календарски грен слем.

Алкарас одново покажа слабости, но обезбеди четвртфинале во Лондон (ВИДЕО)

Синер со магија ја потврди победата во осминафиналето на Вимблдон (ВИДЕО)

Првиот носител Синер ќе се соочи со Данил Медведев кој воопшто не се испоти во пресметката со Григор Димитров затоа што Бугаринот поради повреда го предаде мечот по само осум одиграни гејмови во првиот сет.

Томи Пол пак спречи шпанско четвртфинале во Лондон и тоа откако го надигра Роберто Баутиста Агут. Американецот славеше со 3-0 во сетови со 6-2, 7-6 и 6-2 и со тоа закажа меч со бранителот на трофејот Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни