Поврзете се со нас

АТП

Синер го задржа перфектниот скор, го повлече и Фриц во полуфиналето во Торино

Објавено

на

foto: x.com/janniksin

Јаник Синер го победи Данил Медведев за потврда на пласманот во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино, а со овој резултат во таа рунда го повлече и Тејлор Фриц.

Италијанецот мораше да чека до осмиот гејм за да одземе сервис на Медведев и тоа беше доволно за 6:3 во првиот сет и предност која беше потврдена и во наредната етапа.

Во вториот сет двајцата тенисери направија по еден брејк уште до шестиот гејм, а клучниот момент се случи при резултат 4:4, кога Синер направи брејк и потоа го одбрани за конечни 6:4, односно 2:0 во сетови.

Светскиот рекет број еден ја заврши групната фаза со максимални три победи и го освои првото место во групата, додека со победа помалку Фриц се најде на второто место и ќе го очекува противникот во полуфиналето.

Утре ќе се играат и последните мечеви во другата група, каде Зверев и Алкарас ќе се сретнат од 14 часот, додека Руд игра против Рубљов од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни