Поврзете се со нас

АТП

Синер го реши проблемот во првиот сет, па обезбеди финале на Аустралијан Опен

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Јаник Синер е втор финалист на грен-слем турнирот Аустралијан Опен и закажа дуел за престижниот трофеј со Александер Зверев.

Италијанецот денеска се соочи со американскиот ривал Бен Шелтон, кој имаше добра шанса да го добие првиот сет, а откако не успеа, не можеше да му парира на фаворитот.

Шелтон направи брејк за 6:5 во првиот сет, но не успеа да го одбрани брејкот и загуби убедливо во тај-брејкот за 7:6 за Синер.

Во наредните два сета, Синер издоминира со 6:2 за конечни 3:0 во сетови и можност за нов грен-слем трофеј.

Финалето Синер-Зверев ќе се игра во недела, а Германецот стигна до него по само еден одигран сет со Новак Ѓоковиќ.

Австралиската публика го исвирка Ѓоковиќ, па доби лекција од Зверев (Видео)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни