Поврзете се со нас

АТП

Синер го преслуша Фриц и заработи нестварни 11 милиони долари за неполн месец!

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер на 19-ти откомври инкасираше нестварни 6 милиони долари за победата на егзибицискиот турнир во САудиска Арабија, а неполн месец подоцна, Италијанецот придодава уште речиси 5 милиони долари во својата каса.

Италијанецот ја оправда улогата на апсолутен фаворит на денешното финале на завршниот Мастерс во Торино, со тоа што победи на идентичен начин како пред пет дена.

Синер во вторникот го победи Тејлор Фриц со 6:4 и 6:4, а денеска се погрижи за дежа-ви и со идентичен резултат го преслуша Американецот кој едноставно нема решение за италијанскиот тенисер.

Јаник победи на сите пет меча на завршниот Мастерс во Торино и ја добива максималната сума од 4,88 милиони долари, што во превод значи дека за нецел месец инкасираше речиси 11 милиони долари.

Оваа сума е дополнителна награда за нивото кое го прикажува веќе некое време, а победата на завршниот Мастерс само потврдува дека е најдобар тенисер во светот во овој момент.

За Јаник ова е прв трофеј на завршниот турнир на кој играат најдобрите осум тенисери, успех кој е најголем за него оваа сезона после освоените титули во Австралија и Ју-Ес Опен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни