АТП
Синер го пополни тимот со двајца верни сојузници на Ѓоковиќ (Фото)
Јаник Синер ја преброди допинг аферата и успеа да заборави на немилиот настан со освоена титула на Ју-Ес Опен, а за време на турнирот се збогуваше со двајца членови од својот тим кој придонесоа да се најде во средина на скандал.
Италијанскиот тенисер ги отпушти кондицискиот тренер и физиотерапевтот и на тој начин остави простор за голема промена во неговиот тим во завршницата од оваа календарска година, но многу брзо успеа да го пополни истиот со многу познати имиња.
Интересно, светскиот рекет број еден реши да ангажира луѓе кои веќе го знаат рецептот за победа и кои освоија многу големи нешта заедно со Новак Ѓоковиќ, па со тоа добива и гаранција дека ги избрал едни од најдобрите во светот на тенисот во овој момент.
Синер преку социјалните мрежи соопшти дека на неговиот тим се придружиле Марко Паники како кондицински тренер и Улисес Бадио како физиотерапевт, луѓе кои доскоро бевме навикнати да ги гледаме во боксот на најголемиот грем слем шампион.
Јаник во досегашниот тек на 2024-та година освои два грен слем турнири, а до крајот на натпреварувачката сезона сигурно главна цел ќе му биде да го одбрани првото место на АТП листата, но и да освои уште некој важен трофеј.
-
Шпанија20 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Евролига7 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Свет23 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Англија23 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Македонија21 час
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Италија9 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете