Поврзете се со нас

АТП

Синер го победи Бу во два сета и најави атрактивно финале со Алкарас

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChinaOpen

Јаник Синер ќе го брани трофејот на турнирот во Пекинг, а до финалето стигна со денешната победа во два сета против Јунчаокете Бу.

Кинескиот тенисер се прикажа во добро светло пред домашните фанови, имаше и брејк топки уште во првиот сет, но на крајот го загуби шестиот гејм на свој сервис и му дозволи на Синер да го затвори сетот со 6:3.

Бу беше рамноправен противник и во вториот сет, овојпат не дозволи брејк и го одведе мечот во тај-брејк, во кој сепак Италијанецот беше поуспешен.

Синер го доби решавачкиот дел со 7:3 и на тој начин ја потврди победата по нешто повеќе од два часа во кинеската престолнина.

Победата на светскиот рекет број еден е најава за нов блокбастер дуел со Карлос Алкарас, кој ќе му биде противник во финалето.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни