Поврзете се со нас

АТП

Синер го освои Шангај, Ѓоковиќ ќе мора да почека за јубилејниот трофеј

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Јаник Синер го победи Новак Ѓоковиќ во атрактивното финале на Мастерсот во Шангај, со што актуелниот светски рекет број еден успеа да стигне до израмнување во меѓусебниот скор со грен-слем рекордерот.

Првиот сет донесе неколку најави за можен брејк, но Синер и Ѓоковиќ не дозволија такво нешто, па водството се решаваше во тај-брејк, во кој Италијанецот беше подобар играч и го доби со 7:4 за многу важно водство.

Вториот сет донесе слична игра, но Синер успеа да направи брејк во четвртиот гејм и таа предност ја задржа без поголеми проблеми до крајот на сетот, односно мечот, за конечни 7:6/6:3.

За Синер ова е четврта Мастерс титула, додека Ѓоковиќ ќе мора да почека за остварување на основната цел, а тоа е императивот да се стигне до 100 АТП титули во кариерата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни