Поврзете се со нас

АТП

Синер го „оддува“ Фриц и го освои пехарот на „Ју-Ес Опен“

Објавено

на

foto: x.com/janniksin

Италијанскиот тениски ас, Јаник Синер е освојувач на трофејот на последниот грен слем за 2024 година-„Ју-Ес Опен“.

Првиот светски рекет покажа класа, знаење, квалитет и со 3-0 го разби домашниот фаворит Тајлор Фриц кој пред мечот најавуваше дека е убеден дека ќе победи и ќе го грабне трофејот во Њујорк.

Фриц му се закани на Синер: Ќе излезам на терен и ќе го победам

Меѓутоа Јаник во моментов е друга димензија и потврда за тоа е резултатот од 6:3, 6:4 и 7:5. Ова за Јаник е втор грен слен слем во оваа година по оној на Австралија Опен, но има и пехари и во Мајами, Синсинати, Хале и Ротердам што е потврда дека е најдобар тенисер на светот во моментот што го потврдува и АТП листата.

Со ова воедно Јаник поведе со 2-1 во меѓусебните пресметки со Фриц, ас кој ќе мора да почека друга можност за голем резултат во кариерата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни