АТП
Синер го доби трилерот со Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфиналето! (Видео)

„Зелената група“ на завршниот Мастерс во Торино заврши на најдраматичен можен начин, бидејќи последниот меч одлучуваше за тоа кој ќе биде вториот патник во полуфиналето.
Јаник Синер беше во оваа фаза уште пред да излезе на теренот во својата родна земја, па иако многумина шпекулираа дека ќе одигра без мотив и дека ќе загуби од Холгер Руне, на крајот Италијанецот не калкулираше и со триумфот го однесе Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Србинот чекаше услуга од младиот Италијанец и претходно изјави дека нема да навива за него, но Јаник одигра максимално професионално и после речиси три часа го доби трилерот со упорниот Данец.
Синер почна многу подобро и го доби првиот сет со 6:2, но Руне не се откажа и си ги задржа своите шанси за полуфинале добивајќи го вториот сет со 7:5. Одлуката за победникот падна во одлучувачкиот сет, во кој Руне не искористи брејк топка при резултат 4:4, за потоа да го загуби својот сервис и да го препушти мечот во рацете на домашниот тенисер.
Синер отсервира за победа од 6:4 и го запиша третиот триумф во групата, па така со максимални 3:0 се пласираше како првопласиран во полуфиналето, каде сега со себе го провлече и Ноле кој ја заврши оваа фаза со биланс 2:1.
A TITAN IN TURIN 🇮🇹@janniksin battles to beat Rune 6-2 5-7 6-4 and enters the #NittoATPFinals Final Four with a PERFECT 3-0 record! 👏 pic.twitter.com/v8Zw6uSi4w
— Tennis TV (@TennisTV) November 16, 2023
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)