Поврзете се со нас

АТП

Синер го доби противникот за четвртфиналето, познати се сите парови за Топ 8 фазата во Мелбурн

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Првиот светски рекет Јаник Синер го доби ривалот за четвртфиналето на првиот грен слем Австралија Опен.

Синер претходно ја заврши својата задача против Холгер Руне, па можеше мирно да го проследи дуелот на Алекс Де Минор и Алекс Микелсен, меч на кој немаше изненадување и домашниот рекет победи со 3-0 во сетови.

Де Минор славеше со 6:0, 7:6 (5), 6:3 по нешто повеќе од два часа игра и во одличен ритам со само еден загубен сет ќе го дочека соочувањето со Јаник, играч со кого има лош учинок во меѓусебните дуели.

Останатите двојки во четвртфиналната рунда се Пол-Зверев, Сонего-Шелтон и Ѓоковиќ-Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни