АТП
Синер: Федерер и Надал никогаш не би кажале такво нешто

Италијанецот Јаник Синер е еден од најперспективните, најдобрите млади тенисери на светот од кого допрва се очекува да блесне на големата сцена.
Меѓутоа Синир полека, но сигурно напредува, игра и остварува добри резултати, па така на Ролан Гарос дојде до четвртфиналето каде загуби од Рафаел Надал со 3-0. На тој пат до Топ 8 Синер го елиминираше Александер Зверев кој по средбата се обиде да најде изговор за поразот, а тоа дефинитивно не му се допаднало на 19-годишниот Синер.
-Го почитувам затоа што има повеќе титули од мене. Тој има повеќе искуство и е одличен играч. Сепак, не ги почитувам неговите изјави по поразот од мене на Ролан Гарос. Тој беше многу контроверзен. Тој рече дека има треска, но истрча повеќе од мене во третиот и четвртиот сет.
-Ми се чини дека бараше изговор за неговиот пораз. Федерер или Надал, на пример, никогаш не би ги кажале тие работи, -истакна младиот Италијанец притоа потсетувајќи се на турнирот во Париз.
Јаник има освоено една АТП титула и во моментов е на 37 место на ранг листата.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!