Поврзете се со нас

АТП

Синер е убеден: Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ поради повреда мораше предвреме да го заврши настапот на Ролан Гарос, турнир кој на крајот го освои Карлос Алкарас.

Ѓоковиќ имаше проблем со коленото и мораше со операција да го реши истиот и засега никој не сака да излезе со точна прогноза кога ќе може да се врати на терените.

Многумина веруваат дека би бил подготвен за ЛОИ во Париз, а Јаник Синер е поголем оптимист и смета дека Ноле ќе биде активен и на третиот грен слен во 2024 година-Вимблдон.

-Очекувам Ѓоковиќ да игра на Вимблдон. Целта му е што побрзо да се врати на теренот, а тоа ќе може да го постигне веќе во Лондон. Би било голема загуба доколку не игра таму, -вели Синер кој сега е рекет број еден на АТП листата.

-Беше одличен момент кога сфатив дека станав број еден, но тажен сум што не се пласирав во финалето. Имав дури и чувство на тага што морав да го гледам финалето на ТВ. Се утешив кога се сетив дека за еден месец на истото место ќе се одржат Олимписките игри. Најдобар начин да се избрише оваа горчина ќе биде да се освои златен медал.

-Сакам да видам до каде можам да бидам на врвот, да видам во кои сегменти можам да се подобрам, да видам како ќе играм на трева, бидејќи лани минав низ проблеми. Кога ќе се искачите на една планина, на хоризонтот се појавува следната. Затоа треба да одите чекор по чекор. Моите противници повеќе нема да имаат што да загубат против мене, додека јас ќе имам се да загубам. Тоа е емотивниот дел од тоа да се биде број еден во светот и тоа ми се допаѓа. Ќе треба да работам уште повеќе за да имам нови решенија на теренот и тоа ќе биде мојот следен чекор. Сакам да станам непредвидлив во играта, -заклучи младиот Италијанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни