Поврзете се со нас

АТП

Синер е голем шампион на теренот, но има проблем кога треба да го отвори победничкиот шампањ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер денеска стави крај на незаборавната 2024-та година од спортска гледна точка, бидејќи истата ја заврши со осум освоени титули, од кои три се навистина посебно големи и значајни.

По освоените грен слем титули во Австралија и Њујорк, Италијанецот беше најдобар и на завршниот турнир во Торино, па со тоа стана само третиот тенисер во историјата кој во иста година славел на овие три турнири (претходно тоа го имаа направено само Федерер и Ѓоковиќ).

Синер во денешното финале не му даде никаква шанса на Тејлор Фриц и со победа од 2:0 се закити со титулата „маестро“, а со тоа го оправда и статусот кој го ужива веќе некое време.

Јаник е најдобар светски тенисер и потврда за тоа добивме на завршниот Мастерс во Торино, па иако полека се претвора во тенисер кој е перфектен додека игра, после тоа очигледно е дека и тој има свои недостатоци.

Синер на навистина скромен начин ја прослави новиот голем успех во кариерата, а потоа имаше проблем да го отвори шампионското шампањско кое традиционално им се дава на победниците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни