Поврзете се со нас

Шпанија

„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alaves

Федерико Гати си постигна автогол кој го обиколи цел свет, но синдромот на стоперот на Јувентус сега се префрли и во Шпанија, каде вчера се постигна уште еден неверојатен автогол.

Селта на Рафаел Бенитез се мачи на стартот на сезоната и е во долниот дел на табелата, а во дербито против Алавес на крајот освои бод и покрај тоа што поведе во првиот дел на несекојдневен начин.

Рафа Марин севкупно одигра извонредно во одбрана, но потегот кој го имаше во првото полувреме сигурно ќе го прогонува уште долго време оваа сезона.

Стоперот на Алавес не виде каде е поставен неговиот голман и ја врати топката од 30 метри, а на крајот тоа се претвори во ефектен автогол каков ретко се гледа.

Марин не можеше да поверува што се случи и остана во неверица, па дури и беше тешен од противничките фудбалери како Јако Аспас и Бамба.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни