Поврзете се со нас

Формула 1

Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата

Објавено

на

blank

Формула 1 тимот Алпин денеска го претстави болидот за новата сезона, со што под друго име и со други бои ја продолжува еволуцијата на својот претходник Рено.

Ребрендираниот тим добива болид во бои кои ќе бидат целосна промена во однос на жолто-црната комбинација на Рено, па Фернандо Алонсо и Естебан Окон ќе настапуваат во болид на кој доминира сината боја, со црвени и бели детали.

На денешната промоција на болидот со кодно име А521 присуствувал само Окон, додека присуството на Фернандо Алонсо не беше реално со оглед на несреќата која ја доживеа возејќи велосипед и строгите ковид правила на британска територија каде е задолжителен карантин.

Алпин го претстави и новото раководство, чиј дел е и Давиде Бривио, кој го замени Мото ГП со Формула 1 и во францускиот тим дојде од Сузуки. Поранешниот Ф1 возач Даниел Квјат е потврден како резервен возач за оваа екипа.

blank

Погонската единица на Алпин е унапредена верзија на таа употребувана минатата сезона од Рено, а направени се потребните промени на задниот дел на болидот, како што пропишуваат правилата за новата сезона.

И покрај несреќниот случај на Алонсо, поранешниот Ф1 шампион ќе биде подготвен за новата сезона, а Алпин посакува подобар пласман од претходната сезона во која Рено го освои петтото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни