Поврзете се со нас

Балкан

„Симпосар“: Филм за Вахид Халилхоџиќ и награда за Васил Рингов

Објавено

на

Од 19 до 21 септември во Сараево ќе се одржи 13. издание на Меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар“.

По минатогодинешната премиера на филмот за Тони Кукоч, организаторите оваа година имаат нов „хит“ со филмот за фудбалската легенда Вахид Халилхоџиќ, на авторот Сабахудин Топалбеќировиќ, снимен во копродукција на „Спортклуб“ и „Симпосар“. Овој документарец е насловен како „Мојата вистина“ и говори за кариерата на Халилхоџиќ кој се прослави и како фудбалер, но и како тренер, при што за прв пат ќе открие и некои моменти за кои досега молчеше, а се претпоставува дека се врзани со неговите искуства и водење на репрезентациите на Мароко, Брегот на слоновата коска, Јапонија и Алжир.

Во другата програма се предвидени панел дискусии на актуелни теми за регионот.

На гала вечерта ќе бидат доделени и награди, при што оваа година меѓу добитниците на наградата за животно дело е и Васил Рингов.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни