Поврзете се со нас

Балкан

„Симпосар 2024“: Штимац е љубоморен на Македонија за едно нешто!

Објавено

на

Меѓународниот спортски симпозиум ,,СИМПОСАР” собра на едно место многу реномирани и легендарни фудбалски имиња, а меѓу присутните на овој настан во Сараево беше и Игор Штимац.

Поранешниот хрватски репрезентативец ја продолжи кариерата како тренер, а досега покрај националниот тим на својата земја, водеше и неколку клубови, за последниот ангажман до неодамна да го има во фудбалската репрезентација на Индија.

Штимац во разговорот за ,,Дерби” најпрвин посочи на што прво помислува кога ќе се спомене Македонија.

– На Вардар, на Дарко Панчев, на Васил Рингов, на таа силна генерација со која го делевме теренот и се обидувавме да дојдеме до добар резултат.

– Потоа Охрид, преубавото Скопје, македонската храна, ајвар… потенцира Штимац кој не ги заборава и тешките дуели со Македонија кога тој ја водеше Хрватска.

– Одигравме два натпревара во групата, на моја среќа ги добивме и двете средби. Во Загреб победивме многу тешко, Пандев ни создаваше многу проблеми, додека во Скопје одличен натпревар одигра Ракитиќ и ни ги донесе бодовите.

– Љубоморен сум на стадионот кој го изградивте, преубав објект кој има посебна вредност поради капацитетот и она што може да го понуди, – вели Штимац.

Хрватскиот стручњак последно работеше во Индија, а во моментов е во потрага по нов ангажман.

– Неодамна го завршив петгодишниот проект со индиската репрезентација, период во кој постигнавме резултати кои тешко ќе ги повторат. Јас би сакал да се случи тоа, но се зависи од луѓето кои ќе ја водат федерацијата, бидејќи Индија е голема земја со многу препреки за соодветно развивање на фудбалот. Јас лично размислувам за ангажман на некоја друга страна, потенцираше Штимац.

Централен настан на „Симпосар“ беше промоцијата на филмот за Вахид Халилхоџиќ, насловен како „Мојата вистина“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни