Поврзете се со нас

Балкан

„Симпосар 2024“: Рингов ја доби наградата за животно дело

Објавено

на

Македонскиот фудбалер Васил Рингов ја понесе наградата за животно дело на меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар“ што се одржа во Сараево.

За време на настанот во хотелот „Хилс“ продефилираа многу славни имиња од ју-фудбалот, меѓу кои и Здравко Мамиќ, Роберт Јарни, Игор Штимац, Енвер Мариќ, Вахид Халилхоџиќ и уште многу други.

– Ме надвладеаја емоциите, не сум бил во Сараево околу 35 години. Порано доаѓав два пати годишно, во хотелот блиску до Баш чаршија. Сега на „Симпосар“ имав можност да се видам со многу поранешни спортски ривали, целиот настан беше прекрасен. Ме изнандија, прво со поканата, потоа и со наградата. На ниво беше сѐ. Голема е честа да те изберат. Да се изразам така, Босанците беа и се уште се понапред од другите, така е и со овој симпозиум,- изјави Рингов.

Главен настан за време на симпозиумот беше промоцијата на филмот за Вахид Халилхоџиќ, насловен како „Мојата вистина“, чиј автор е Сабахудин Топалбеќиревиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни