Поврзете се со нас

Балкан

„Симпосар“ 2024: Јарни се сеќава дека Бабунски не отпатува за Чиле

Објавено

на

Роберт Јарни беше уште едно големо фудбалско име кое доби признание на ,,СИМПОСАР” во Сараево, а во краткиот разговор со екипата на ,,Дерби” се потсети и на дел од моментите кои го поврзуваат со Македонија.

Јарни се потсети на успехот на младинската репрезентација на Југославија на СП во Чиле и фактот што несуден член на таа генерација беше нашиот Бобан Бабунски.

– Прво на памет ми паѓа фактот што Бабунски кој требаше да дојде со нас во Чиле. Не знам што точно се случи, но тој не отпатува со нас на првенството.

– Бевме една одлична група, одлично се сложувавме и никој не ни правеше притисок. Имавме тренери кои одлично си ја знаеја работата, многу разговаравме, а потоа се беше полесно за сите откако станавме светски прваци, – истакна Јарни.

Тој се сеќава и на една нервозна ситуација во Скопје, додека го носел дресот на сплитскиот клуб.

– Од времето кога играв во Хајдук се сеќавам дека на еден натпревар имаше сериозна тензија, па голманот на Вардар трчаше по нас по крајот на дуелот и сакаше да расчистува сметки. Но, тоа беше нормално во такви ситуации.

Јарни откри и што се случува со неговата тренерска кариера.

– Последните три години ги водев У16 и У17 репрезентациите на Хрватска, два пати изборивме пласман на ЕП. Во меѓувреме барам нов ангажман, следам што се случува на фудбалската сцена, изјави Јарни.

Централен настан на „Симпосар“ беше промоцијата на филмот за Вахид Халилхоџиќ, насловен како „Мојата вистина“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни