Поврзете се со нас

Шпанија

Симпатично видео од Шпанија: Двајца млади фанови на Осасуна водеа битка за еден дрес и станаа вирален хит

Објавено

на

Натреварувачкото 15-то коло во Шпанија беше затворено со дуел меѓу Севилја и Осасуна на „Рамон Санчес Писхуан“, а тоа значеше дека двата тима нема да претрпат некоја посериозна промена на првенствената табела.

Головите на Будимир и Лукебакио направија да видиме поделба на бодовите на понеделничкиот натпревар во Ла Лига, но истиот стана доста популарен во Памплона поради реакцијата на гостински навивачи на трибините.

По ремито на „Писхуан“, фудбалерот Аимар Ороз имал дилема на кого да го подари својот дрес, па двајца млади навивачи на Осасуна решиле да го решат проблемот на оригинален начин.

Победникот во „лист, камен, ножички“ го доби посакуваниот дрес, но овој епилог направи едно од момчињата да остане со празни раце.

Да не биде целосно така се погрижил Рубен Гарсија, кој по натпреварот успеал да го пронајде второто момче кое исто така добило оригинален дрес од Осасуна.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни