Поврзете се со нас

Италија

Симпатична сцена на „Олимпико“: Конверзацијата меѓу Раниери и Фабрегас стана хит во Италија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ASRomaEN

Сеск Фабрегас истакна дека неговиот тим излегол како победник од „Олимпико“ и покрај тоа што претрпе пораз од Рома, јасно алудирајќи на храбрата и беспоштедна игра на неговите играчи против уште еден фаворит во Серија А.

Младиот шпански стручњак стана хит во италијанската елита со своите методи и филозофијата која ја развива во Комо, а тоа направи да биде симпатичен и за неговиот вчерашен ривал, Клаудио Раниери.

Пред натпреварот против Комо, искусниот стручњак на Рома нагласи дека Фабрегас во блиска иднина ќе прерасне во еден од најдобрите тренери во светот, па така вчера доби шанса одблиску да му каже што мисли за неговите квалитети.

Двајцата режирале нависитна убава сцена по крајот на натпреварот кој заврши 2:1, а италијанските новинари ја пренесоа и конверзацијата која ја имале во подтрибинскиот простор.

– Ќе бидам среќен ако остварам половина од тоа што оствари ти во фудбалот, – му порачал Фабре на Раниери, по што Клаудио возвратил:

– Не треба да велиш дека сакаш да ја имаш мојата кариера, ти ќе оствариш повеќе од мене. Ти го кажувам ова од срце, – возвратил Раниери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни