Симпатична сцена на „Бернабеу“: Таткото на Реинер го украде шоуто на презентацијата со феноменален потег (Видео)

reiner-tatko1

Младиот Бразилец Реинер со многу емоции и со многу солзи ги проследи сите неверојатни случувањата на денешната промоција која ја доживеа на „Сантијаго Бернабеу“, а истото важи и за неговиот татко Мауро Бразилија кој во улогата на горд татко, во неколку наврати го украде шоуто.

Покрај тоа што се расплака за време на првото обраќање, Реинер не можеше да ги додржи солзите и кога му се заблагодаруваше на целото свое семејство кое му помогнало да стигне до Реал Мадрид, но пред да го одржи пресот, шоуто на теренот на „Бернабеу“ го украде неговиот татко кој воедно е и негов идол.

Мауро бил одличен футсал играч и со големо внимание го следеше секој потег на неговиот син за време на презентацијата, а откако ги поздрави фановите на Реал Мадрид, таткот на младиот Бразилец му ги „избриша“ копачките на Реинер и ги освои симпатиите меѓу присутните на трибините.

Facebook Коментари