Поврзете се со нас

Англија

Симпатичен момент од првиот ден на Рајс на „Емирејтс“: Не грижете се, јас ќе покривам позади (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Арсенал не се штедеше во промоцијата на Деклан Рајс преку многу содржини креирани за медиумите и социјалните мрежи, а англискиот репрезентативец веќе можеше да ја почувствува тревата на „Емирејтс“ како домашен фудбалер.

Меѓу големиот број видеа од првите работни часови на Рајс како „топчија“ се појави и еден симпатичен кадар во кој учествуваат и менаџерот Микел Артета и директорот Еду.

Бразилецот на шега вели дека тие тројца можат комотно да формираат среден ред, а Артета дофрла дека Рајс ќе мора да игра најдефанзивно.

– Ќе останам назад, не грижете се, – со насмевка одговори Рајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни