Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симпатичен и историски момент во ЛШ: За првпат двајца татковци и двајца синови на еден ист натпревар (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид ја продолжи импресивната серија во која влезе и стигна до десетта победа во низа во сите натпреварувања, а истата беше подобрена со денешниот триумф над Слован Братислава.

Воините на Диего Симеоне се изборија за лесни три бода и победа од 3:1, но покрај мајсторијата на Алварез и двата гола на Гризман, натпреварот ќе се памети и поради еден историски податок.

Семејствата Симеоне и Вајс ги режираа најсимпатичните сцени во историјата на еден натпревар во Лигата на шампиони, бидејќи за првпат од постоењето на натпреварувањето гледавме двајца татковци и двајца синови крај аут линијата и на теренот.

Чоло Симеоне го водеше својот син Џулијано кој беше стартер за Атлетико, додека на спротивната страна, дел од историскиот момент беше семејството Вајс.

Искусниот тренер Владимир Вајс му даде шанса на својот син кој го носи истото име во второто полувреме, па тоа донесе да гледаме чиста фудбалска романтика во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни