Репрезентација
Симовски по триумфот над Грција: Минимална, но слатка победа

Македонската женска ракометна репрезентација победи на сите три натпревари од квалификациската група за пласман на СП и ќе го очекува противникот во баражот двомечот, кој е закажан веќе за следниот месец.
Селекторот Симе Симовски и неговите избранички ја остварија основната цел, а тоа е сигурниот настап во групата со Литванија, Исланд и Грција, иако Симовски призна дека не е најзадоволен од настапот на денешниот дуел со грчката селекција.
– Победа си е победа и им честитам на ракометарките за резултот, но не сум комплетно задоволен од начинот на кој игравме денеска.
– Успеавме да направиме промени во играта и тоа резултатираше со пресврт на теренот, поведовме и победивме во една инфаркт завршница. Победивме со еден гол разлика, но сепак и ова е слатка победа, – истакна Симовски.
Симовски го анализираше и целосниот настап на квалификацискиот турнир во Скопје.
– Задоволен сум од фактот што остваривме три победи, беше и малку напорно бидејќи немавме настап година и пол како што треба. Подготовките беа кратки, но ракометарките добро го прифатија начинот на работа, па во иднина одиме на нови победи.
– Овој настап ќе ја зголеми и самодовербата, па сега ни останува да го сочекаме противникот во баражот. Не сум размислувал за посакувана репрезентација, но би било добро да ги избегнеме најсилните селекции, – рече Симовски по крајот на квалификацискиот турнир во Скопје.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 18 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо