Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за баражот против Словенија

Makedonija-F.Ostrovi

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави поширокиот список на играчи за престојниот бараж со Словенија за пласман на Светското првенство во Јапонија во 2019 година.

На првичниот список на Симовски се најдоа 27 ракометарки од кои најголемиот дел се интернационалки. Дуелите се играат на почетокот на месец јуни, Македонија е домаќин на 2, додека реваншот се игра четири дена подоцна во Целје.

spisok

Facebook Коментари