Поврзете се со нас

Македонија

Симов: Трофејот нема да ни значи ништо ако не останеме во Прва лига

Објавено

на

Силекс покажа две различни лица во домашното првенство и во фудбалскиот Куп на Македонија, бидејќи во самиот финиш од сезоната, се бори за две комплетно различни цели.

Кратовчани утре ќе играат во големото финале во Купот против Академија Пандев и можат да изборат пласман во Европа, но истворемено мора да размислуваат и за бараж дуелот со кој ќе треба да си обезбедат опстанок во Првата фудбалска лига.

– Максимално сме мотивирани за финалето, сакаме по цели 24 години да го вратиме Куп трофејот во Кратово. Сите сме подготвени за утрешниот предизвик и максимално сме фокусирани, – изјави тренерот на Силекс, Горан Симов.

Силекс утре ќе игра против бранителот на титулата во најмасовното натпреварување и ќе се обиде да ги детронизира струмичани, но самиот Симов вели дека тоа нема да има никаков ефект доколку тимот на крајот испадне во Втора лига.

– Мотивација пред едно финале секогаш има, може само еднаш да ви се укаже шанса да играте во финале. Шансите се 50-50, на крајот ќе победи подобриот на теренот. Сепак, овој трофеј нас нема да ни значи ништо доколку Силекс не остане прволигаш и наредната сезона, – додаде Симов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни