Поврзете се со нас

НБА

Симонс остана без 1,4 милиони долари, Ембид му порача: Не ме интересира тој човек, нека прави…(ВИДЕО)

Објавено

на

Новата сезона во НБА лигата започнува вечерва или рано наутро со дуелите во Милвоки и Лос Анџелес, но овие дуели засега паѓаат во сенка на случувањата во Филаделфија и однесувањето на една од најголемите ѕвезди Бен Симонс.

Симонс веќе извесно време е на излезна врата од 76-ките, меѓутоа клубот засега не може да најде соодветно решение да се ослоободи од него и засега останува во екипата, меѓутоа прави проблеми, не се ангажира и тренерот Док Риверс мораше да го исфрли од денешниот тренинг.

Тој е суспендиран и нема да игра на првата средба против Њу Орлеанс Пеликанс. Во меѓувреме тој воедно беше казнет од клубот со 1,4 милиони долари, а причината за тоа се пропуштените подготвилни средби, тренинзи, состаноци со тимот или поточно од враќањето во екипата од 11 октомври нема заработено ниту еден денар.

Бен дефинитивно станува сериозен проблем и за тоа најдобро говори искрената изјава на центарот Жоел Ембид.

-Навистина не ми е грижа за тој човек, нека прави што сака. Тоа не е моја работа, тоа е нивна работа. Само сакам тимот да биде подобар, да победува. Сите момци госакаат исто. Хемијата е одлична без разлика на се што се случува во изминатиов период. Тој човек повеќе не ме интересира, искрено, -порача Ембид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни