Симоновски се враќа за пресметката со Игокеа, Минчев ветува: Ќе дадеме се од себе за да победиме

marko simonovski

Македонскиот шампион МЗТ Скопје својот прв натпревар во 2018 година во АБА лигата ќе го одигра на домашен терен во „Јане Сандански“ против Игокеа и тоа во текот на утрешниот ден со почеток од 17 часот.

Ова е нова шанса да се прекине негативната серија и да се дојде до третата сезонска победа со тоа што за оваа битка тренерот Жељко Лукајиќ ќе може да смета на репрезентативецот Марко Симоновски кој закрепна од повредата на мускулот. Од друга страна пак Дарко Соколов и понатаму е во „аут“ поради повреда на коленото, но младиот Јордан Минчев без разлика на се ветува дека ќе го дадат максимумот, ќе дадат се од себе за да се израдуваат на триумф.

-Очекувам тежок натпревар. Кошаркарите на Игокеа ќе влезат максимално мотивирани во овој меч, пред сѐ поради желбата да ни се реваншираат за поразот кој им го нанесовме во Лакташи. Ние сме во лоша ситуација во моментов, но тренираме добро, работиме максимално и ќе дадеме сѐ за да го совладаме незгодниот противник, -порача бугарскиот интернационалец за официјалниот клупски сајт.

Билтетите за оваа средба веќе се пуштени во продажба, можат да се најдат на касата пред салата „Јане Сандански и онлајн преку мрежата на http://ticketplus.mk/. Билтетите се по цена од 50 денари.

Facebook Коментари