Симоновски со првиот гол во новата сезона донесе реми за Сепси (Видео)

marko radost

Македонскиот интернационалец во дресот на Сепси, Марко Симоновски го постигна својот прв погодок во новата натпреварувачка сезона во Романија.

Напаѓачот натпреварот против Астра кој заврши без победник, 1:1, го започна од клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 53. минута.

Само десетина минути подоцна нашиот интернационалец го најде патот до мрежата на противничката екипа откако одлично беше проигран од Менса.

По три кола Сепси со четири поени се наоѓана шестата позиција на табелата во најдобрата романска лига.

Facebook Коментари