Поврзете се со нас

Балкан

Симоновски погоди во важната победа на Волунтари (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот напаѓач, Марко Симоновски го постигна својот трети сезонски погодок во дресот на Волунтари во романскиот шампионат.

Во групата за опстанок Волунтари славеше над Академија Клинчени со 3-0, победа која ја најави токму нашиот Симоновски. Поранешниот член на Металург и Напредок го искористи додавањето од Матан и со удар со глава ја смести топката во мрежата на гостите во 21 минута.

Потоа се беше полесно за домаќините кои во остатокот од мечот дадоа уште два гола за конечни 3-0 во првата средба по паузата поради коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни