Поврзете се со нас

Конференциска лига

Симоновски му даде гол на Феенорд, Ристовски ја доби битката со Ашковски (ВИДЕО)

Објавено

на

Доста наши фудбалски интернационалци беа активени со своите екипи во натпреварите од Конференциската лига на УЕФА, но само еден наш играч се запиша во листата на стрелци и тоа беше Марко Симоновски.

Симоновски погоди за Дрита на дуелот против Феенерод, гол кој го даде во 12 минута за израмнување на резултатот на 1-1. Во остатокот од мечот се водеше голема борба, а домаќините во самиот финиш реализираа за конечни 3-2 и пласман во следната фаза.

Билет за новата рунда обезбедија уште Кире Ристевски и Давод Здравковски со АЕЛ Лимасол, потоа Стефан Тевтовски со Ујпешт, Дарко Велковски со Ријека, но и Милан Ристовски кој по една супер драма и пенали славеше со Трнава над Сепси, тим за кого настапува Стефан Ашковски.

Хајдук на Јани Атанасов беше шокиран и елиминиран од Тобол од Казахстан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни