Поврзете се со нас

Македонија

Симоновски и Пајиќ остануваат во Кожув, Нацевски и Николовски доаѓаат во Гевгелија

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув повлече неколку потези со кои јасно почна да го формира ростерот за натпреварувачката 2021/2022 година.

Од клубот од Гевгелија ја информираа јавноста дека Марко Симоновски и Предраг Пајиќ ја прифатиле понудата и тие остануваат во оваа средина и во новата сезона. Кога се во прашање пак засилувањата веќе се договорени две-тоа се Даниел Нацевски од Пелистер и Кирил Николовски од Работнички.

Ова за Нацевски ќе биде враќање во тимот, додека пак за центарот Николовски нов предизвик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни