Поврзете се со нас

АТП

Симон за нехуманите услови во Токио: Да ги видам организаторите на 40 степени…

Објавено

на

Ветеранот Жил Симон е последен од низата на тенисери кој се пожали на условите на Летните Олимписки Игри во Токио.

Добар дел од играчите испратија критики на адреса на организаторот затоа што мечевите се играат во нехумани услови, под температури кои тешко се издржуваат. Најгласен секако беше Новак Ѓоковиќ, но на оваа тема имаше што да каже и искусниот Симон.

-Брутално е што имаме една минута да смениме страна. Би сакал организаторите да видат како е да се направи пауза од една минута на 40 степени. Потребно е повеќе за закрепнување.

-Нозете работат понапорно, а пулсот се крева по размена на удари. Ви се врти во глава. Играме како роботи, беспомошни сме, -истакна Жил кој го заврши настапот во првото коло со поразот од Герасимов од Белорусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни