Поврзете се со нас

Лига на нации

Симон херој, Шпанија го освои трофејот во Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/marca

Репрезентацијата на Шпанија е освојувач на трофејот во Лигата на нации и тоа откако вечерва во финалето во Ротердам успеа да слави над Хрватска по изведување на удари од единаесет метри.

„Црвената фурија“ славеше во пенал серијата со 5-4 и на тој начин им се приклучи на Португалија и Франција како победници во ова натпреварување.

Битката за пехарот не донесе ниту еден гол, мируваа мрежите во регуларниот дел, истото се случи и во продолженијата по што пеналите мораа да одлучуваат за тоа кај кого ќе заврши трофејот.

Шпанците не ја искористија првата меч топка во петтата серија, поточно Лапорт ја погоди само рамката на голот и со тоа им го продолжи животот на Хрватите.

Меѓутоа потоа му дојде редот на Петковиќ кој беше прочитан од голманот Симон за да на крајот одговорноста ја презема Карвахал кој со стил го надмудри Ливаковиќ за нов пехар на Шпанија во нејзините витрини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни