Поврзете се со нас

АТП

Симон: Ѓоковиќ е непобедлив кога…

Објавено

на

Францускиот тенисер, Жил Симон смета дека Новак Ѓоковиќ никогаш нема да биде на нивото на Рожер Федерер, односно да биде толку ценет, сакан од публиката ширум светот без разлика што и да направи до крајот на кариерата.

Ѓоковиќ во изминативе денови е на мета на големи критки поради организацијата на турнирите при кои се заразија со КОВИД-19 дел од актерите, учесниците меѓу кои и првиот светски рекет.

-Едноставно мора да прифатите дека Федерер не е Федерер само за тенисот, туку и за целиот свет. Тој е најомилениот спортист и против тоа не може да се борите против. Дури и ако Ѓоковиќ да освои 22, 25 или 30 грен слем титули, тој тогаш може да каже дека е најдобар, ама луѓето пак ќе го сакаат Федерер повеќе, -истакна Симон кој посочи и еден пример.

-На пример на Вимблдон минатата година Новак виде дека е помалку сакан и си кажа „ во ред, сите сте против мене, сега сите ќе умрете, а јас ќе го е**м“. Во тој момент Ноле е непобедлив, тоа може да се види во неговите очи, заклучи 54 тенисер на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни