Поврзете се со нас

Евролига

Симиќ пропушти шанса да ја завери победата на Барселона, Реал по голема драма до трофејот во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид славеше над вечниот ривал Барселона со 81-78 во битката за титулата во младинската Евролига.

Средбата во Валенсија во „Ла Фонтета“ донесе голема драма, неизвесност, возбудувања и на крајот решија нијасни, среќа кои беа на страната на „кралевите“. Реал го доби првиот дел со 38-31, но во вторите 20 минути каталонците беа многу подобри и беа на чекор до победа.

Имено Барса влезе со плус два во завршните 50 минути (73-71) за да во последниот нејзин напад промаши шут за потврда на триумфот преку нашиот Теодор Симиќ кој не реализираше од линијата за три поени. До крајот останаа уште десет секунди кои Реал ги искористи и преку кошот на Весар на 2 секунди до крајот изрмани на 73-73 и го одведе мечот во продолжение.

Во истото подобро се снајде клубот од Мадрид и со 8-5 дојде до третата титула во оваа конкуренција.

Македонскиот репрезентативец Симиќ беше автор на 9 поени и 2 скока, Каиседо реализираше дабл-дабл од 25 кошеви и 11 скокови.

На спротивната страна Бугарниот Костадинов со 18 кошеви ја предводеше листата на стрелци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни