Поврзете се со нас

Репрезентација

Симиќ: Порано требаше да ја „затвориме“ Романија, но момците останаа „мирни“ во моментите на одлука

Објавено

на

Младата македонска кошаркарска репрезентација до 20 години ја прокнижи и втората победа на „Челенџерот“ во Шопрон, односно по Луксембург беше совладана и селекцијата на Романија.

Вистинска драма донесе дуелот против Романците на кој водевме плус 18 за да потоа бидеме и во загубена ситуација за да на крајот славиме во продолжението со тројката на Лука Савиќевиќ. Селекторот Тони Симиќ верува дека требал многу порано требале да го затворат овој меч кој не донесе во одлична позиција пред битката против Швајцарија.

-Требаше да го затвориме овој натпревар на малку поинаков начин. Добри 25, па и повеќе минути, ја контролиравме играта и резултатот. Игравме според она што и го планиравме. Одеднаш застанавме, мислевме дека тоа е доволно за победа. Ја загубивме концентрацијата, дозволивме противникот да се врати. Но, покажавме дека и во такви ситуации нема место за паника. Момците останаа ‘мирни’ во оние моменти на одлука. Кога требаше, погодивме, и одиме понатаму, -вели Симиќ кој го најави дешениот меч со Швајцарците, меч кој може да не однесе во полуфиналето.

-Имав прилика да погледнам добар дел од овој меч (Луксембург-Швајцарија). Мислам дека конечниот резултат и не е изненадување. Луксембург не е селекција која треба да се потцени. Без оглед на поразот, сметам дека Швајцарија има подобар ростер и дека денеска нè очекува уште потежок натпревар во однос на првите два. Го откажавме утринскиот тренинг, дечките треба малку да одморат. Три натпревари во три дена, тоа е убиствен ритам. Очекувам да одиграме уште подобро против Швајцарија и да бидеме дел од полуфиналето, -порача нашиот селектор.

Дуелот Македонија-Швајцарија се игра од 16:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни