Поврзете се со нас

Репрезентација

Симиќ: Нема предавање, ќе одиграме најдобро што можеме против Шпанија

Објавено

на

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија во петок го отвара циклусот на квалификации за Светското првенство и тоа против првиот фаворит во групата против Шпанија.

Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 19:30 часот, а желбата на сите во нашиот табор е да се претставиме во најдобро светло против тимот против кого едноставно не можеме ништо да загубиме туку напрвотив можеме да добиеме.

Целта е да се даде максимумот против актуелниот светски шампион, а дали тоа ќе биде доволно за изненадување и поволен резултат ќе зависи од многу фактори на теренот.

-Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање, – порача младиот центар Теодор Симиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни