Поврзете се со нас

Европски првенства

Симиќ: Македонија заслужи повеќе, но за нас треба да се направи филм!

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Небојша Симиќ се претвори во непремостлива пречка за нашите ракометари во второто полувреме од мечот против Црна Гора, бидејќи чуварот на мрежата правеше чуда на голот и буквално ги откажа нашите млади ракометари кои и онака имаа проблеми со самодовербата.

Голманот на Црна Гора сосема заслужено беше избран за играч на мечот во Дебрецин и ја понесе титулата МВП, а со оглед на тоа што беше вистински херој во победата од 28:24, имаше свој збор и на прес-конференцијата на која им честиташе на македонските играчи и македонските фанови, поединечно за фер-плеј играта и извонредното навивање.

– Пред се, сакам да и честитам на Македонија за фер-плеј играта и одличниот меч. Сметам дека Македонија заслужи повеќе од овие два меча на Европското првенство од тоа што добија. Тешко е да се направи транзиција кога го немате Лазаров во тимот.

– Цела нивна игра се базира на него, а сега се направи транзиција и одговорноста се префрли на млади играчи. Покажаа потенцијал и талент, но потребно им е време. Исто така, честитики до сите фанови на Македонија, особено за атмосферата која ја направија.

– Што се однесува до нашиот тим, ова е неверојатна победа. Во еден ден од најлошо искуство до најдобро искуство. Секој ден не знаеме кој тренира и кој ќе игра. Кога гледам како сите играчи се борат, добивам дополнителна мотивација и сигурен сум дека цела Црна Гора е горда на нас. Реалноста е дека ќе имаме тешка задача за следниот меч со Словенија, бидејќи тројцата физиотерапевти се позитивни на Ковид-19. Треба да се направи филм за нас за ова Европско првенство, немавме физиотерапија до овој меч со Македонија, само вчера вечер добивме прва масажа. Се надеваме дека ќе добиеме некој играч плус назад за мечот со Словенија и ако се случи тоа, верувам дека можеме да ги изненадиме, – изјави Симиќ на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни