Поврзете се со нас

Репрезентација

Симиќ и Бошалески најефикасни, Македонија ја надигра Словачка

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години оствари убедлива победа над Словачка од 80:54 на вториот пријателски меч во Скопје.

Нашите надежи комплетно го надиграа противникот во СРЦ „Кале“ каде ги добија сите четири четвртини. На полувреме водевме со 36:20, предност која дополнително ја зголемивме во вториот дел.

Симиќ со 19 поени беше прв стрелец (имаше и 6 скока и 2 асистенции), Бошалески уфрли 17 (плус 7 скока), а Стојаноски застана на 15 кошеви (5 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки).

Ова за избраниците на Смилковски беше второ слајве во дуелите со Словаците, претходно пак ги загубивме двете контролки со Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни