Поврзете се со нас

Евролига

Симиќ го растури Олимпијакос во Евролигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ се претстави во издвонредно издание во дресот на Барселона во вториот меч евролигашкиот турнир до 18 години кој се игра во Патра.

Шпанскиот претставник го разби Олимпијакос со 84-59, а за тоа голема заслуга има нашиот Симиќ кој беша најефикасен, најрасположен играч на теренот со 20 поени за само 16 минути на теренот.

Центарот имаше само едно промашување за два поени (7/8), реализираше три од петте слободни фрлања, погоди една тројка (1/3), плус собра 8 скокови, 1 асистенција, а врз него беа направени и три фаули.

Барса сега има два од два на турнирот со оглед на тоа што претходно ја доби ЗПА Тибили, тим против кој Тео имаше 7 поени, 8 скока и 1 асистенција.

Симиќ и компанија утре од 14:30 часот ќе се соочат со Макаби Тел Авив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни