Репрезентација
Симиќ ги одбра „мускетарите“ за ЕП, Стефанов ја напуштил репрезентацијата

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години на очекува настап на Европското првенство во Турција каде во групната фаза ќе ги одмериме силите со Франција, Израел и со Велика Британија.
Ова е сериозен предизвик за националниот тим кој е предводен од нашата кошаркарска легенда Тони Симиќ кој е задоволен од тоа како се одработија подговките.
-Мислам дека оваа селекција има квалитет за да направиме добар резултат. Најважно е да обезбедиме опстанок во А-дивизијата за и идната година, следната генерација што доаѓа да може да игра против најдобрите во Европа. Ме радува тоа што атмосферата е фантастична, младите кошаркари дишат како еден, последните десетина дена постојано бевме заедно, прво во Гевгелија, потоа во Хрватска и сметам дека сме подготвени за следниот предизвик, -истакна Симиќ кој потоа проговори и за заминувањето на талентираниот Рубин Стефанов од репрезентацијата.
-Што се однесува до Рубин Стефанов, по настапот во А-репрезентацијата, заедно со Теодор Симиќ, се врати на подготовките на јуниорската селекција. Пред натпреварот против Швајцарија во Скопје се пожали на болки во зглобот и одлучивме да не му правиме притисок за да не се влоши состојбата.
-На турнирот во Гевгелија почна да демонстрира незадоволство поради минутажата. Јас се обидував да ги распределам минутите кај сите играчи со цел доволно да се воиграме, а во исто време да не дојде до премор кај нив. По турнирот зборувавме и Рубин ми рече дека се е во ред.
-Во Хрватска одигравме двомеч, Рубин играше на првиот натпревар и не се пожали на ништо. На вториот, излезе од игра по пет минути, седна на клупата и се понесе крано непрофесионално – ги одврза патиките и посочи дека не сака да игра. Поминав и преку тоа, му реков дека мора да се однесува како професионалец, треба да ги заврзе патиките и да се подготвува да игра, дека не сме дојдени на екскурзија. Ме послуша, седна на клупата, но побара да не игра до крајот.
-По враќањето од Хрватска, јас немав никаква информација дека играчот нема да продолжи. Во четвртокот попладне ми се јави спортскиот директор дека родителот му кажал дека не гледа причина и потреба Рубин да продолжи да игра за репрезентацијата. Едноставно, го напушти тимот иако јас сметав на него и требаше да има значајна улога во оваа селекција. Очекував Рубин да дојде и да ми го каже тоа мене в лице, како што јас со него разговарав во Гевгелија.Четвртокот и петокот ни беа слободни, а во саботата тој не се појави на тренинг и оттогаш не е во тимот. Јас не барам алиби, но пред патувањето за Измир би требало да се знае каква е ситуацијата, -истакна Симиќ за официјалниот веб сајт на нашата федерација,
ЕП се игра од 30. јули до 7. август, а боите на Македонија ќе ги бранат следниве играчи:
1. Лука Димитриевски
2. Алек Петкоски
3. Петар Башоски
4. Андреј Шошкиќ
5. Петар Бошалески
6. Василиј Србиноски
7. Павел Иванов
8. Марко Трипуноски
9. Тома Стојаноски
10. Виктор Стојковски
11. Метин Саити
12. Теодор Симиќ
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата