Поврзете се со нас

Евролига

Симиќ блескаше, Барселона дојде до нова победа во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона ја оствари втората победа турнирот на јуниорската Евролига кој се одржува во Валенсија.

По триумфот над Стелазура каталонците славеа и над домаќинот Валенсија со убедливи 109-48. Ова беше дуел на кој Барселона доминираше од почетокот до крајот, ги реализираше во своја корист сите четири четвртини и со тоа дојде до супер триумф со кој дефинитивно ќе ја крене атмосферата пред решавачкиот дуел против Мега СокерБет за првото место во групата Б.

Нашиот репрезентативец Теодор Симиќ имаше одлична партија за победниците и за 20 минути на теренот даде 16 поени со само едно промашување од игра (5/6 за два, 6/6 за еден), плус собра 7 скокови, 3 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни