Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне заклучи кој е најдобар тим во Ла Лига по ремито со Реал

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Диего Симеоне успеа да освои бод на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“, дерби на кое тимот на аргентинскиот стручњак воглавно се закануваше од контра-напади.

Супер вест за Атлетико беше тоа што поведе од пенал во првото полувреме и тоа направи блокот на Чоло да биде уште посилен, но раниот погодок на Килијан Мбапе во второто полувреме направи натпреварот да добие на интензитет.

Реал брзо можеше да дојде и до пресврт во акцијата во која Белингам ја погоди гредата, меѓутоа стопроцентна шанса имаше и Џулијано Симеоне кој од идеална позиција биеше доста лошо.

– Во првото полувреме бевме многу добро поставени, иако ни недостасуваше точност во противничката половина. Во второто полувреме се смени моментумот со нивниот гол и гредата која ја погодија.

– Интензитетот се зголеми, но и ние имавме шанси. Покрја онаа на Џулијано, Љоренте во два наврати беше во опасни ситуации. Затоа си заминуваме со чувство дека можевме да освоиме и нешто повеќе од бод, – вели Симеоне, кој и натаму тврди дека најдобар тим во Ла Лига е третопласираната Барселона.

– Засега сме втори во оваа трка и сме во навистина добра позиција. Се уште инсистирам дека Барселона е најдобар тим во Шпанија. Играат многу добар фудбал, имаат фантастични фудбалери и ако до крајот на викендот победат против Севилја, табелата ќе биде неверојатно возбудлива. Новинарите ќе имаат за што да зборуваат, – заврши Чоло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни