Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне за трката за титулата во Шпанија: Тие имаат значајна предност…

Објавено

на

Атлетико Мадрид иако водеше со 2-0 на крајот остана со празни раце во дерби пресметката со Барселона во Ла Лига.

Домаќините имаа сигурна предност на 20 минути до крајот, а кога Атлетико игра дома и има таква позитива најчесто има едно сценарио, а тоа е триумф на избраниците на Диего Симеоне. Меѓутоа сега ситуацијата беше поинаква, Барса се разбуди и со четири гола дојде до 4-2, славје со кое за врати на врвот на табелата во Примера.

-Им честитаме на нашите противници за решителноста во клучниот момент. Дојдовме до многу добар резултат кој не траеше долго, да ни овозможи да ја засилиме нашата игра. Тие по 2-1 создадоа енергија, самодоверба и повеќе напади од нивна страна. Имавме шанса да бидеме подобри при некои контранапади, но се заврши со намера; не го избравме добро тој последен пас. Потоа дојде 2-2 дојде, 2-3 дојде од случаен шут што е дел од играта. Исто како што победивме и ремизиравме во Барселона, сега паричката падна во нивна полза, -рече Симеоне кој не се предава иако Атлетико сега има четири бода помалку од ривалите за пехарот.

-Барса има еден натпревар помалку и никогаш не знаеме што може да се случи. Тие имаат значителна предност; свесни сме за тоа. Ќе одиме натпревар по натпревар, фокусирајќи се на Еспањол и продолжувајќи на тој пат до крајот, -подвлече Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни