Шпанија
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена

Атлетико Мадрид ретко кога прима четири голови од било кој тим, но уште поневеројатна е ситуацијата кога тоа ќе се случи во период од само 20 минути.
Барселона губеше 2:0 на „Метрополитано“ до 70-та минута и се чинеше дека планот на Диего Симеоне е прилично перфектен, но погодокот на Роберт Левандовски за 2:1 иницираше еден несекојдневен фудбалски бран, кој во продолжение резултираше со уште три гола во мрежата на Јан Облак.
Каталонците направија извонреден пресврт и зададоа важен удар во битката за титулата, па откако славеа со 2:4 на тешкото гостување, добија честитки и од противничкиот тренер.
– Мора да му се честита на ривалот, иако имаа и малку среќа која ја заслужија. Имавме можност да искористиме повеќе од неколку контри, но не го направивме тоа. Барселона е многу добар тим, мора да им се честита и да продолжиме да работиме.
– Планот излегуваше перфектно за нас, се изгледаше идеално до 70-та минута. Мислам дека погрешив со една измена. Задоцнив со внесувањето на дефанзивецот Хименез. Требаше да го внесам веднаш по првиот примен гол, кога го направив тоа, веќе беше 2:2. Во фудбалот нема прошка, затоа сум тука да бидам и самокритичен. Можеби со Хименез ќе примевме шест голови, но ќе беше попаметно да го затворам натпреварот на 2:1. Не добив доволно време и кога ја направив замената, веќе беше 2:2, – изјави Симеоне, кој откри зошто рано од игра го повлече и Алварез.
– Хулијан се чувствуваше лошо, имаше треска и температура. И покрај тоа, сите видовте како одигра на теренот. Постигна гол, не можев да барам повеќе од него, – откри Чоло.
-
Италија24 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија13 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија8 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија11 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија22 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија23 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Шпанија8 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)