Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне за најскапиот играч во историјата на Атлетико: Тука никој нема договор дека мора да игра (Видео)

Објавено

на

blank

Атлетико Мадрид продолжи со фантастичните изданија по рестартот на сезоната и ремито на „Камп Ноу“ го надополни со висока победа од 3:0 над Мајорка, натпревар на кој нашиот Александар Трајковски беше стартер.

Сепак македонскиот репрезентативец не дојде многу до израз поради традиционално цврстата и директна игра на „душекџиите“, на кои очигледно паузата поради коронавирусот им дојде многу добро.

Чоло Симеоне успеа да го синхронизира тимот кој претрпе многу промени изминатото лето, па дури не мора да се потпира и на најскапиот играч во историјата на клубот.

Жоао Феликс вчера беше прва измена на Аргентинецот и поради скромното издание беше повлечен од игра, а Чоло со своајта изјава јасно стави до знаење дека нема проблем да го вади од игра, без оглед на сумата која е платена за него.

Младиот Португалец имаше нервозна реакција, по која следеше изјава од Симеоне по крајот на средбата.

– Веруваме во неговиот квалитет, неговиот талент и неговиот начин на игра, но потребно е да се вклопи во групата. Не се потпираме на индивидуалци, главна цел е тимот и најважен е колективниот успех. Не беше доволно добар и на негово место шанса доби Витоло кој одигра многу добро за тимот во продолжение. Тука никој нема договор дека мора да игра, сите добиваат шанса според тоа што сметам дека е најдобро во моментот, – изјави Чоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни