Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне за ѕвездата на Атлетико: Тој е на исто ниво со Халанд

Објавено

на

Фото: twitter.com/Atleti

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне ги разреши сите дилеми околу неговата иднина со ставањето на потпис на новиот договор со Атлетико Мадрид.

Симеоне одлучи дека е најдобро за него да продолжи со шпанскиот прволигаш со кого сега е врзан до 30 јуни 2027 година. Секако едно од барањата на Чоло било да има квалитетен, компетитивен состав и во следните сезони, тим со кој ќе брка добри резултати.

Атлетико игра квалитетно во актуелнава кампања со сите конкуренции, а една од причините за тоа дефинитивно е Алваро Мората.

Токму Мората според Симеоне е на исто ниво со членот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.

-Мората е на исто ниво со Ерлинг Халанд. Во однос на головите и неговите бројки, тој секако може да се спореди со него, -истакна предводникот на „душекџиите“.

Алваро во оваа сезона има 12 голови и 3 асистенции на 15 натпревари, додека Халанд има 17 голови и 4 асистенции на 18 средби во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни