Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне воодушевен: Го купивме Алварез поради вакви работи (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид оствари херојска победа против Баер Леверкузен во натпревар кој во најголем дел играше со човек помалку поради исклучувањето на Бариос, па токму ваквите триумфи се оние кои посебно остануваа во сеќавање на верните навивачи.

„Воините“ на Диего Симеоне уште еднаш ја покажаа својата пожртвуваност и истрајност во услови кои навистина не беа лесни, но на крајот добија награда за вложениот труд и со вториот гол на Хулијан Алварез победија со 2:1.

Баер Леверкузен не успеа да го осигура триумфот и покрај тоа што имаше играч повеќе, но откако силите се израмнија по исклучувањето на Хинсапие, Атлетико тргна по втор гол откако претходно Алварез израмни на 1:1 во ситуација кога распоредот на силите на теренот не беше еднаков.

Драматичниот триумф го однесе Атлетико чекор поблиску до осминафиналето во Лигата на шампиони, па Чоло Симеоне не штедеше комплименти за своето најголемо летно засилување.

– Кога помисливме да го купиме Хулијан, го замислувавме токму ова. Има неверојатен карактер, сегашноста е извонредна за него, но иднината е уште подобра, се надеваме дека ќе можеме да му помогнеме како стручен штаб. Сакаме да продолжи да игра со досегашноста понизност и борба, сигурен сум дека ќе остави трага во клубот.

– Дојде кај нас за да ни дава вакви работи, да се надеваме дека ќе остане многу години со нас. Сакаме да уживаме во него, но и тој да ужива со нас. Станува збор за скромно момче и извонредно се адаптираше во нашата средина, – изјави Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни